Како до успешно транспонирање на законодавството на ЕУ во енергетскиот сектор?

Event Start Date:
14/03/2018
Event End Date:
14/03/2018
Event Venue:
ЕУ Инфо Центар Скопје

Како до успешно транспонирање на законодавството на ЕУ во енергетскиот сектор?
14 март 2018г.
Локација: ЕУ инфо центар, Скопје

14:00 – 16:00

Настанот „Како до успешно транспонирање на законодавството на ЕУ во енергетскиот сектор?“ се организира од страна на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, со цел да иницира дискусија помеѓу сите засегнати страни за законодавната рамка и институционалните капацитети за успешно транспонирање на законодавството на ЕУ во енергетскиот сектор во земјата.

Енергетскиот сектор е исклучително важен за земји во развој како нашата. Успешниот и навремен развој на земјата во многу случаи зависи од правилен и навремен развој на енергетскиот сектор и следење на светските текови и трендови. Како земја кандидат за членство во ЕУ, имаме обврска да го транспонираме законодавството на ЕУ во националната легислатива.

Настанот треба да ја разгледа досегашната ситуација во секторот енергетика, коментарите на нацрт-законот за енергетика и капацитетот на институциите надлежни за спроведување на законската регулатива во енергетскиот сектор, и преку дискусија со сите засегнати страни да понуди решенија за предизвиците со кои се соочува земјата во овој сектор.

На настанот се поканети претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјата, претставници од институции надлежни за спроведување на законската регулатива во енергетскиот сектор, претставници од граѓанскиот сектор кои работат на оваа тема како и компании и засегнати страни кои го применуваат законот за енергетика и подзаконските акти во секојдневното работење.