Резултати од првиот повик за доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) Референтен број IPA2/GS-01.

Првата грантова шема беше имплементирана, при што беа потпишани догвори со девет грантисти во рамки на првиот повик за доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) Референтен број IPA2/GS-01.

Овој повик за поднесување предлог проекти е наменет да обезбеди поддршка за граѓански организации за изработка на секторски анализи на политики, со опис на моменталната состојба и предлози / препораки за нејзино подобрување. Како резултат на активностите поддржани со доделениот грант, секој грантист мораше да изготви и достави аналитички документ кој содржи скрининг и идентификација на моменталната состојба во еден од секторите или потсекторите наведени во Националниот индикативен стратешки
документ за ИПА 2, да даде предлози/препораки за нејзино подобрување и да спроведува активности за нивно застапување:
1. Демократија и владеење;
2. Владеење на правото и темелни права;
3. Животна средина и климатски промени;
4. Транспорт/Енергија;
5. Конкурентност и иновации;
6. Социјален развој (образование, вработување и социјална политика);
7. Земјоделство и рурален развој;
8. Регионална соработка и територијална соработка (хоризонтално прашање)

 

Согласно ова, ова се органзиациите со кои беа потпишани договори:

  1. Сектор 1: Демкоратија и владеење –  Институт за демократија  “Societas Civilis” –  Скопје (IDSCS),  кои работеа на темата „Улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ“.  Придобивките од проектот се состојат во целосниот преглед на моменталната ситуација на состојбата на Собранието на Република Македонија кога станува збор за реформите потребни за влез во ЕУ.Целта на овој проект, пред се, е да ја зајакне улогата на Собранието во усогласување и спроведување на европското законодавство во Македонија;  да ја подобри функционалноста на Собранието во извршување на  законодавните и надзорни функции поврзани со процесот на пристапување во ЕУ преку вклучување на граѓанскиот сектор.Реализираните активности кои беа насочени кон остварување на целите вклучуваа десктоп истражување за преглед на постоечките законски и подзаконски акти, како и собирање на компаративни примери од Западниот Балкан на оваа тема. Дополнително, спроведени беа и фокус групи и интервјуа со пратеници со цел да се добие целосната слика, по што следеше подготовка на документ за јавни политики кој ги содржи резултатите од двете претходни активности.

    Во последната фаза на проектот беа спроведени активности за информирање на пошироката јавност и застапување на препораките произлезени од документот за јавните политики, при што беа користени традиционални и социјални медиуми за дисеминација кон пошироката јавност, но се одржа и еден јавен настан во Собранието на Република Македонија каде учествуваа засегнатите страни.

  2. Сектор 2: Владеење на правото и темелни права –  Tранспарентност Македонија (ТМ) , кои работеа на  „Подобрување на антикорупциските практики“         Домашната експертска јавност и НВО, во континуитет укажуват на не-ефикасна борба против корупцијата, на назадување на земјата по однос на владеење на правото, за што  голем дел од одговорноста сносува ДКСК поради нејзината неактивност, нетранспарентност и селективност при извршување на функцијата,но и другите надлежни органи.Причините за ваквите состојби, исто така, може да се лоцират и во недоволно дефинирани одредби и правни празнини и лимитирани  надлежности на самата Комисија.За таа цел беше изготвена анализа во која се истакнува потребата за темелни промени  во оваа сфера, во насока на  усвојување на нова регулатива која би била целосно усогласена со европските стандарди и укажувањата во  извештајот за итните реформски приоритети и на НВО за  институционални промени.

    Преку овој проект се отвори дебата во РМ за потребите за итни измени во Законот за спречување на корупцијата.  Анализата беше десиминирана до институциите, НВОи.  Претставници на ТМ беа и на средби со претставници на Влада на РМ како и со пратеници со цел да се оформи експертска група која ќе работи на измените на Законот за спречување на корупцијата


    Сектор 2: Владеење на правото и темелни права – Национален совет за родова рамноправност кои работе на тема “Ратификација на Истанбулска конвенција“

    Самиот проект обработуваше горлива тема за голем број на граѓанки кој би можеле да бидат заштитени со ратификувањето на Истанбулската конвенција во Република Македонија. Притоа, проектот се обиде да ги покаже ефектите и придобивките коишто би произлегле од усвојувањето на конвенцијата во државата.

    Проектот пред сè имаше цел да го подобри пристапот до правда за жените во Република Македонија во насока на остварување на меѓународните стандарди за постигнување на фактичка родова еднаквост. Дополнително, проектот се обиде да ги детектира бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правдата и да поттикне родова интеграција во сите политики и мерки. Клучни алатки во самиот проект беа лобирањето и застапувањето за ратификација на Истанбулската конвенција која што предвидуваат група мерки за заштитување на жените од родово-базирано насилство. Целните групи на проектот беа носителите на одлуките, пратеничките и пратениците во Собранието и институциите на извршната власт, женските граѓански организации, а воедно ги адресираше и меѓународните механизми за заштита на правата на жените. Активностите за исполнување на целта предвидуваа анализа на состојбата во тематиката, регионална конференција и јавна дебата за наодите на анализата, како и лобирање и застапување пред институциите за ратификување на конвенцијата при што беа дистрибуирани предлог документите од анализата.

  3. Сектор 3: Животна средина и климатски промени –  Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ Скопје кои работеа на тема „Заштита на природата во НП Галичица: Бајка или реалност“ кое претставуваше сеопфатна анализа на проблемите и предизвиците за зачувување на животната средина во НП Галичица
    Генералната цел на проектот е креирање на долготрајна рамка за заштита на природата во НП Галичица од натамошно уништување , преку анализирање на проблемите, правната рамка и преку соработка со сите засегнати страни.Во рамки на проектот беа анализирани потребите и недостатоците на сегашната законската регулатива, институционалните механизми за заштита на природата во НП Галичица, како и институциите надлежни за спроведување на законската рамка. Воедно, проектот се обиде да ја зајакне соработката помеѓу граѓаните, НВО секторот и институциите надлежни за заштита на природата во НП Галичица.

    Проектот во финалната фаза дополнително упати апел и застапуваше за зајакната правна рамка за заштита на природата во НП Галичица со цел да се спречат штетни инфраструктурни објекти во НП Галичица.

  4. Сектор 4: Транспорт –  Здружение за истражување на политики Аналитика – Гостивар, кои работеа на тема “Состојбата во секторите транспорт и енергетика во Република Македонија, како до забрзување на реформските процеси“
    Општата цел на проектот се состои во тоа, преку остварената сеопфатна анализа за двата целни сектори (транспорт и енергетика), да се овозможи подобрување на состојбата со реформските процеси во согласност со ЕУ интеграциите. Дополнително, експертскиот извештај кој произлезе од овој проект ги идентификуваше главните проблеми кои постојат во целните сектори и понуди иновативни решенија за забрзување за исполнување на реформите на патот кон ЕУ.Од друга страна пак, преку јавните дебати за политиките и извештаите се подигна свеста за целните сектори во пошироката јавност преку дистрибуција на информациите на јавните медиуми, а и се искористија настаните за внесување на информациите коишто произлегоа од работилниците и дебатите.
  5. Сектор 5: Конкурентност и иновативност – Организација на потрошувачи  на Република Македонија (ОПМ), Скопје кои работеа на тема „Предизвици за конкурентноста – Нечесна пазарна пракса и нелојална конкуренција“.
    Основната придобивка е утврдување на областите уредени со посебни закони каде што не е обезбедено повисоко ниво на заштита на потрошувачите од нечесни пазарни пракси.Согледана е  потребата од унапредување на законската рамка и зајакнување на заедничките настапи и акции на телата за надзор над пазарот по углед на истите од страна на членките на ЕУ.

    Истражувањето укажа на потребата од унапредување на корпоративната култура преку донесување на деловни кодекси, како и стимулирање на проектни активности за прифаќање на кодекс/и за фер однос кон потрошувачите.

  6. Сектор 6:  Социјален развој – Aсоцијација за демократија, дијалог и децентрализација – План 4Д – PLAN 4D, кој споведоа акција под името „ „Кој знае, тој влијае!“.
    Проектот има за цел да даде придонес за подобрувањето на процесот на програмирање на ИПА 2 во секторот социјален развој, преку инклузивен процес за детектирање на проблемите на потсекторот образование. Дополнително на тоа проектот има за цел да ги утврди проблемите во потсекторите вработување и социјална политика преку консултации со засегнатите страни, соодветно мапирање на преземените проекти во секторот и градење на капацитетите на засегнатите чинители за креирање на заеднички инпут во натамошното програмирање на ИПА 2 во Република Македонија.Целната група на проектот се студентите, професорите, директорите на образовните институции, невработените лица, тренинг центрите во Македонија, Секретаријатот за европски прашања, како и министерствата за финансии и труд и социјална политика. Активностите кои што беа спроведени вклучуваа три конкретни анализи на потсекторските теми, мапирање на различните засегнати страни и креирање на постапка за нивно вклучување во процесот на програмирање на ИПА 2 програмата во Македонија.
  7. Сектор 7: Земјодлество и рурален развој – Рурална Коалиција – Куманово за ацијата  „Законите ги има, примената ја нема!“ Придобивките од проектот се: генералната прегледност која што ја овозможи анализата на моменталната ситуација со субвенциите во земјоделието и ефектите од истите во Република Македонија.Општа цел на проектот е да оствари прилагодена аграрна политика согласно потребите на земјоделските производители. Дополнително на тоа, проектот има три краткорочни цели, и тоа: да ја утврди стабилноста на производството на земјоделските производи; да се покаже (не)постоењето на ценовна конкурентност на земјоделски производи; и изготвени препораки и мерки кои ќе доведат до конкурентна земјоделска политика и економски конкурентно земјоделско производство.Во рамките на проектот беа спроведени активности кои што се состоеја од:  анализа на ефектот на конкурентноста и искористеноста на државните субвенции за земјоделците; фокус групи со земјоделски стопанства; креирање на сеопфатна брошура со резултатите на истражувањата; и настан за промоција на брошурата и презентирање на предложените мерки од страна на имплементаторот на проектот. Целната група на овој проект беа земјоделците и фармерите во Република Македонија

     

  8. Сектор 8: Регионална соработка и територијална соработка –  Подружница на Асоцијација на агенции за локална самоуправа (АЛДА) за акцијата –  Граѓанските организации: Носители на прекугранична соработка (ГОНС) чија цел е  сеопфатен преглед на досегашното учество на ГО во проекти за прекугранична соработка и нивното учество во креирањето .Целта која што проектот ја има зацртано е подобрено учество на граѓанските организации во програмите за прекугранична соработка. Активностите на проектот вклучуваат сеопфатно истражување за вклученоста на граѓанските организации во проекти за прекугранична соработка, како и истражување на нивните капацитети за вклучување во проекти во прекугранична соработка.Понатаму, беа нотирани добри примери за учество на граѓански организации и соработка со локалните власти во реализација на проекти за прекугранична соработка и подигнување на свеста за учеството на граѓанскиот сектор во прекуграничната соработка.

    Целната група кон која што се однесува овој проект се граѓанските организации од пограничните региони во Република Македонија кои директно имаат придобивки од проектите од програмата за прекугранична соработка.