Законите ги има, примената ја нема! – Законот за земјоделство и рурален развој – основа за развој на конкурентно земјоделство

Законите ги има, примената ја нема! – Законот за земјоделство и рурален развој – основа за развој на конкурентно земјоделство

По осамостојувањето, Македонија се соочува со турбулентнен развој на земјоделската политика, со многу ad hoc политички одлуки за „гасење пожари“. Од добивањето на статус на земја кандидат во 2005 година, Македонија започнува со прилагодување на националната земјоделска политика кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Оттука, законот за земјоделство и рурален развој (ЗЗРР, кој стапи на сила од 2008 година) сочинет од два дела: еден за регулација на земјоделските пазари, а друг за руралниот развој, претставува постепена транзиција кон ЗЗП. Законот за земјоделство и рурален развој донесен во 2010 претставува дополнително прилагодување кон ЗЗП и моментално служи како правна рамка на земјоделската политика во земјата. Освен овој закон, земјоделството е регулирано и со многу други закони, како на пример, Законот за земјоделска дејност, Законот за земјоделско земјиште, Законот за тутун, Законот за вино, Законот за сточарство, Законот за пасишта, Законот за органско производство, Законот за сметководствена евиденција на фарма,Законот за земјоделска инспекција, Законот за води, Законот за водни заедници и Законот за водостопанствата.

 

Текстот од анализата можете да го најдете во следниот линк:

ЛИНК ОД АНАЛИЗАТА