Заклучоци од работна група на Сектор 7: Земјоделство и рурален развој

Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации, 16- 17 мај 2017 г. , хотел Белви-Метропол, Охрид
За време на работата во секторската група 7 се отворија повеќе прашања кои беа дискутирани. Се дискутираше вметнување на поимот туризам во овој сектор.
Понатаму освен дискусијата за подобрување на комуникацијата со конституентите, подобрување на структурите и внатрешните процедури, претставниците на ГО од секторот за земјоделство и рурален развој се задржаа на изнаоѓање начин за промена на практиката на Министерството за земјоделство овие т.н. економски социјални партнери да се јавуваат и како членови во Советот за земјоделство и развој што дополнително ја отежнува претставеноста на ГО кои работат во секторот земјоделство и рурален развој.
Се дискутираше дека се потребни измени на Законот за земјоделство каде треба да се вметне рурален туризам, алтернативни форми на туризам и агро туризам
Присутните истакнаа дека треба да се развива соработката со министерството за земјоделство и платежната агенција.
Како проблем беше посочено дека сопствениците на шумите не се информирани доволно, што доведува до недоволно аплицирање па затоа се потребни проекти за едуцирање на земјоделците како да аплицираат. Беше истакнато и дека земјоделците не го користат знаењето на агрономите, во врска со квалитетот на земјата, а проблем е и откупот на земјштето.
За подобра комуникација помеѓу ГО од сектор 7 како и со своите конституенти беше предложено:
– иницирање на работна група
– формирање на канали на комуникација, и мејлинг листа и фејсбук група
– канал за споделување на покани за настани
– споделување на проблеми во поглед на неискористеност, внатре секторско советување
– подобрена комуникација со конститентите
– нужна е подобрена комуникација со институциите – министерствата и агенциите
– заложба за реалокација на средствата, неекономски сектори, преиспитување на оправданоста
– развивање на конкретна мерка за рурален туризам
Присутните организации се сложија за 5 важни приоритети на секторот 7:
  • Приоритет бр.1
Да се воведат критериуми за да се стане економски социјален партнер освен 1000те потписи
  • Приоритет бр.2
Платежната агенција е недоволно транспарентна и отчетна
– Приоритет бр.3
– Олеснување на критериумите за пристапност и искористување на ИПАРД фондовите од страна на земјоделските стопанства
– Приоритет бр.4
– Да има поголема соработка со здруженијата од соседните земји и со сродните институции од добрите земји како и преземање на добрите практики за соработка со граѓанското општество (прекугранична и територијална соработка)
– Приоритет бр. 5
Законска регулатива на ЛАГ – Локални Акциони групи – (здруженија, бизниси, општини), регистар на ЛАГ- кој го развива тој специфичен регион