Закажана годишната конференција на ИПА механизмот – ќе се одржи на 30 и 31 мај 2018 во Скопје

Почитувани претставници на граѓанските организации,

Во името на ИПА механизмот за граѓанските организации, имаме чест да Ве поканиме на Годишната конференција на ИПА механизмот која ќе се одржи на 30 и 31 мај 2018 (среда и четврток), со почеток во 10.00 часот во просториите на Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје.

ИПА механизмот претставува мрежа на граѓански организации од Република Македонија, кои се здружени и насочени кон зајакнување на местото, улогата, значењето и капацитетите на граѓанските организации во соодветно и правилно користење на европските фондови и во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, преку практикување на партнерството со владините институции и институциите на Европската Унија.

Овој настан е во рамки на проектот „ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO)“

Формуларот за пријавата за настанот е на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1puZIzOM0gM0lMu9blNuyhZjFhtW7vq13w348gP_sBlI/viewform?ts=5af9e7af&edit_requested=true

НАПОМЕНА: Краен рок за пријавување на учество на годишната конференција 2018, за лицата кои доаѓаат од други градови и потребно им е сместување е заклучно со среда 23 мај, до 15:00 часот. Сместувањето во хотелот за овие лица ќе биде можно единствено со претходно добиена писмена потврда од ИПА механизмот.

ИПА2 механизамот е основан од страна на 8 граѓански организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка. Од 120 членки пред да започне проектот, ИПА 2 механизамот само во иницијалниот период на проектот прерасна во мрежа од 217 граѓански организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. Овие организации добиваат редовни вести и новости поврзани со спроведување на ИПА 2 во земјата, како и можности за активно вклучување во процесот на програмирање на ИПА 2 компонента. За прв пат е инициран процес на секторска консултација за индикативниот стратешки документ за ИПА 2 и изработени се првите коментари за  истиот.