Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации

ПА2 механизмот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка (во натамошниот текст ИПА2).

Примарната цел на ИПА механизмот е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во јавните политики и донесување одлуки, како и во граѓанскиот и политичкиот дијалог, да влијае на клучните реформи за понатамошна поддршка на Република Македонија во процесите на пристапување во ЕУ.

На годишната конференција предвидено е да се сумираат успесите и резултатите на ИПА Механизмот за граѓански организации, како и да се презентира текот на спроведувањето на проектите од грантистите, потоа да се разработи модел за вклучување на членките на ИПА Механизмот во структурниот дијалог што ќе доведат до заклчоци и аноди за што понатаму. 

Свои воведни обраќања имаа: 

Љупчо ПЕТКОВСКИ, извршен директор, Евротинк

Ирена ИВАНОВА, програмска менаџерка, ДЕУ

Евгенија СЕРАФИМОВСКА КИРКОВСКИ, Раководител на одделение за следењеи евалуирање на европски програми

Модератор на сесијата беше Христена АНТОВСКА ЈОВАНЧЕВА, од Евротинк.

Јованчева рече дека Механизмот во своите зачетоци имал тешка задача, а тоа е да ги сруши стереотипите во јавноста дека граѓанските опрганизации се само “јадачи на грантови“ . 

Задача на нашиот мехннизам, кој ја следеше програмата на Делегација на европската Унија, беше да ги собере на едно место сите не-профитни, непазарни и недржавни организации и структури на луѓе кои се организираат за да ги следат заедничките цели и идеали. Нашиот механизам покажа дека може да се анимира граѓанско општество активно да учествува во јавната дебата за демократијата, човековите права, социјалната инклузија и владеењето на правото и со капацитет да влијае врз процесите на донесување политики и одлуки.

Наша задача беше да им покажеме на граѓаните дека парите од инструментот за претпристапна помош односно ИПА не мора исклучиво да се распределуваат по валдините кабинети, туку дека дека маханизмот е тука да биде мост прашањата од локална природа (дали да се направи улица, дали да се направи пат, прочистителна станица ) , проблемите кои ги мачат граѓаните да ги делегира до онаму каде е потребно – рече Јованчева.

Во февруари 2014 година партнерските организации организираа работилница за 120 претставници на граѓанското општество. Со заеднички консултаци се направија заклучоци и придонеси за ИПА 2 националниот стратешки документ, организиран по сектори. Петковски рече дека граѓанските организации. Од февруари 2016 година, ИПА механизмот добива финансиска поддршка од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 – Support to Civil Society Organisations, за проектот ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO).

Речиси во исто време, како што посочи Петковски, нашата организација и партнерските организации имаа егзистенцијални прашања, односно дали ќе го преживеаат налетот на минатата власта да ги затвори. Постоеше страшна поларизација помеѓу граѓанското општество и власта. Несогласувања за базични работи, никаде не бевме повикани, никаква политичка волја да бидеме уклучени. Денеска парадоксот е друг, денеска сите не викаат, денеска владата е во налет на транспарентност и постојат консултации за секоја стратегија и закон. Но, предизвикот е како таа соработка да се структуира – рече Петковски. Мораме да изнајдеме начини како да говориме во еден глас и да станеме мост интересите на граѓаните да дојдат до полиси форумите, а тоа е идејата на ИПА механизмот.

Ирена Иванова, од делегацијата на Европската Унија рече дека проактивноста на граѓанското општество која се појавила во едно поинакво време е за поздравување. “Но, и во тежок политички контекст, важно е кога грѓанското општество настапува заедно. Ипа механизмот помина еден циклус, научи лекции, од бебе кога проодува, кога сите го сакаме и му се тресеме, со адолесценција. Но, сега сме позрели и помудри како механизам, со многу научени лекции. Сега веќе ИПА механизмот е многу популарен, и треба да ги отвора враттите, да ги вклучува сите. Ова е модел за сите невладини организации, односно секторскиот глас. Форум, на колеги кои работата во истиот сектор, кои иаско имаат различни мислења, сепак најважно се завршшува со еден глас, секторската политика и ги одразува интересите на граѓаните. Создавањето на ИПА механизмот, е пример како треба едно модерно граѓанско општество да функционира и како да ги чува европските вредности.“

Евгенија Серафимовска Кирковски рече дека  “Од осбено значење е организираноста на граѓанскиот сектор. Ни значеше организираноста ваша, за да не лутаме во барањата.  ИПА Механизмот ни беше одлична можност да градиме мрежи.“

Видео од настанот ТУКА 

Агенда за настанот ТУКА