За ИПА механизмот

Опис на ИПА 2 механизам на граѓанските организации во Македонија

Јули 2015

Примарна цел

ИПА2 механизамот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија (во натамошниот текст ДЕУ) и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка (во натамошниот текст ИПА2).

Историја

Во исчекување на понатамошниот развој на настаните во однос на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 (ИПА2) во 2013 година беше направено партнерство помеѓу Еко-свест, Македонскиот центар за европско образование, Реактор, Зенит, Аналитика, Фронт 21/42, Центарот за граѓански комуникации, Фондација институт отворено општество, Институтот за европска политика и претставник на граѓанското општество во Националниот совет за евроинтеграции. Оваа коалиција во мај 2013 година официјално поднесе писмо до заменик-министерот задолжен за европски прашања, г-дин Фатмир Бесими, со кое бараше активно вклучување на граѓанските организации во програмирањето на ИПА 2 за периодот 2014-2020 година и транспарентност на сите стратешки документи. Во јули 2013 година оваа партнерска иницијатива подготви конкретен предлог за воспоставување на механизам за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество.

Во февруари 2014 година партнерските организации организираа работилница за 120 претставници на граѓанското општество. Со заеднички консултаци се направија заклучоци и придонеси за ИПА 2 националниот стратешки документ, организиран по сектори. Беа избрани и  претставници на организациите на граѓанското општество во секој сектор (преку транспарентен процес). Двата претставници од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на Владата и  претставникот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија беа присутни на оваа работилница. „ИПА 2 механизмот“  воспоставен како резултат на овој настан дополнително официјално побара средба со вицепремиерот за европски прашања. Придонесите на организациите на граѓанското општество беа испратени до Владата и ЕУ пред финализирање на Националниот стратегиски документ.

Структура

ИПА 2 Механизмот се состои од работна група на граѓански организации (кои функционираат како координативно тело на механизмот / мрежа), избрани граѓански организации и нивните претставници и поширока мрежа на граѓански организации од земјата (види органограм).

Работната група на ИПА механизмот се граѓанските организации кои го иницираа основањето на мрежата: Еко-свест, Македонскиот центар за европско образование, Реактор, Зенит, Аналитика, Фронт 21/42, Центарот за граѓански комуникации, Фондацијата Институт отворено општество и Институтот за европска политика. Избраните претставници на ГО за секој од секторите наведени во CSP функционираат како врска помеѓу работната група, граѓанските организации од мрежата и владините институции (министерства) во однос на процесот на програмирање. Нивната задача е собираат информации од широк спектар на чинители за одреден сектор и развивање на политики врз основа на овие консултации, како и да ги презентираат и аргументираат истите пред  државни институција (и).

Во моментов механизамот се состои од 9 ГО како работна група (координативно тело), 14 избрани претставници на ГО (2 за секој од секторите идентификувани во Стратешкиот документ на земјата) и 94 организации на граѓанското општество, како членови на механизмот.

Пристап на ИПА 2механизмот на граѓанските организации

• Редовни состаноци – меѓу граѓанските организации, ЕУ и националните владини претставници во врска со темите за ИПА 2;
• Градење на капацитетите за учество во процесот на донесување јавни политики – пренос на специфични знаења;
• Анализа на политиките – развој на анализа на политиките за секој сектор / тема релевантен за ИПА 2, врз основа на широки консултации на граѓанскиот сектор.
• Зголемена вклученост – остварување на значајно учество во програмирањето на секторските програми (за секторите без развиени секторски програми), и следење на ИПА2.

 

Контакт за повеќе информации: 

IPA2CSO проектен тим

contact@ipa2cso.mk

+389 (0)2 3217 247

+389 (0)2 321 75 11