Успешно реализирана годишната Конференција на ИПА 2 механизмот за граѓанските организации

Два дена претставници на 256 невладини организации, дел од ИПА механизмот, дискутираа и даваа препораки за подобро искористување на ИПА2 средствата и избираа свои секторски претставници во секој од секторите на ИПА 2 механизмот : (1) Демократија и владеење, (2) Владеење на правото и темелни права, (3) Животна средина (4) Транспорт/Енергија, (5) Конкурентност и иновации, (6) Социјален развој, (7) Земјоделство и рурален развој, а беше конституиран и нов сектор (8) Регионална и територијална соработка.

konferencija1На воведната сесија на Конференцијата се обрати Никола Бертолини преставник на Делегацијата на Европската унија, кој во својот поздравен говор посочи дека  “Пристапниот процес не зависи само од Владата, туку и од сите граѓани. Затоа е неопходно вклучување на граѓанското општество во програмирањето, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на помошта од Европската Унија.

ЕУ ќе ги поддржи сите консултативни процеси со намера да се овозможи поголема парципативност и инклузивност на граѓанското општество во програмирањето на ИПА” – рече Бертолини. Спорд него ИПА ќе биде многу важен инструмент за подршка на Македонија и тој се надева дека земјата ќе ја искористи за да стане рамноправен партнер на ЕУ еден ден. „Граѓанското оптештество е еден од клучните актери и неговата задача е да работи на консултација, подобрување на дијалогот , со други зборови да биде синџир помеѓу владините претставници и граѓните“, изјави Бертолини.

За организаторите и партнерите на Конференцијата, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Еко-Свест, Реактор и Зенит, овој настан беше во функција на промоција на ИПА 2 механизмот, кој ефикасно ја поддржува партиципативната демократија преку соработка меѓу Владата и граѓанските организации.

konferencija2Според Александар Колекески од МЦЕО “Потребена е подолга и суштинска соработка помеѓу граѓанските организации и Владата која ќе биде поддржана и финансиски и ќе дава можност за долгорочност и одржливост”

Во текот на Конференцијата беа избрани и 8 преставници од граѓанските организации и нивни заменици за сите сектори кои ќе ја претставуваат врската помеѓу организациите и Владата на РМ во процесот на програмирање и имплементација на ИПА 2.

Во секторот 1 – Демократија и владеење, за секторски претставник беше избрана Розалија Карчицка Василевска, проектен координатор на Бизнис центарот при Скопски плански регион. А за потпретседател Соња Дамчевска од Здружение на граѓани „Коалиција за одржлив развој – КОР„

Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија беше избрана за претседател на Секторот 2, Владеење на правото и темелни права, додека на функцијата потпретседател дојде Васка Цветановска од ХОПС .

Најмногу гласови во Сектор 3  „ Животна средина“ и Секотр 4 Транспорт/Енергија, кои ќе настапуваат удружено, доби Методија Саздов, претседател на невладината еколошка организација Македонски зелен центар, а на функцијата потпретседател дојде Баже Јосифовски од Асоцијацијата за чиста животна средина “Ајде Македонија”
konferencija3За претседател на Сектор 5 Маријана Лончар Велкова од ОПМ, а за нејзин заменик Светлана Кировска од Фондација на мали и средни претпријатија Скопје.

Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија е новиот претседател на Сектор 6 „Социјален развој“, а Марија Савовска од Акција Здруженска потпретседател.

Во Сектор 7 – Земјоделство и рурален развој најмногу гласови доби,Васко Хаџиевски од Здружение на агроекономисти на Македонија, додека за потпретседател Несим Велиу од Екопродукт Тетово.
Во Сектор 8 – Регионална и територијална соработка, довербата за секторски претставник и беше доверена на Ивана Петровска од  АЛДА Скопје, додека нејзин заменик е Нелко Нелковски од Македонски центар за културен развој.

izbrani-pretstavnici
Оваа конференција се спроведува во рамки на проектот „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации„ финансиран од Европската унија, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA CSF Civil Society and Media Programme 2014) повик EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK.