ПРИЈАВА За изразување интерес од граѓански организации за учество во ИПА 2 Механизам за граѓанските организации

ИПА2 механизмот за граѓанските организации е мрежа од 229 граѓански организации, чии што цели се насочени кон подобрување на партиципативната демократија преку создавање услови и осигурување соработка на властите со граѓанските организации. ИПА 2 Механизмот е поддржан со проект финансиран од Европската унија, спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит.

Со пополнување на следната пријава за зразување интерес од граѓански организации за учество во ИПА 2 Механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) ќе имате можност да бидете информирани за:

·         Учество во секторски консултации и консултации со државните органи и Делегацијата на Европската унија

·         Аплицирање за проектен грант преку „IPA2CSO“

·         Членување во мрежата – ИПА 2 механизам – која го следи искористувањето на Европските фондови во Македонија и во која моментално членуваат 229 организации (само за здруженија и фондации)

·         Учество во националната годишна средба на граѓански организации – членки на ИПА 2 механизмот

·         Изработка на секторски анализи за различни јавни политики

·         Пријавување свој практикант за програмата на менторство во рамки на проектот Учество во јавни дебати и промоции

·         Пристап до информации за текот на проектот

 

Со почит,

IPA2CSO проектен тим