Состанок на претставници на ГО за изработка на Патоказ за развој на граѓанскиото општество

На 25 септември во просториите на Евротинк – Центар за европски стратегии, се одржа третиот по ред состанок на претставници на граѓанските организации со цел заедничка изработка на Патоказ за развој на граѓанското општество.

Документот ги опфаќа областите на политичка и институционална рамка за ГО; државно финансирање на граѓанските организации; правна и фискална подржувачка околина за одржливост на ГО; улогата на ГО во соработката со институциите, граѓаните, бизнис секторот и меѓу себе; добро управување и зголемување на довербата во ГО.

roadmap2

Во изработка на Патоказ за развојот на граѓанското општество учествуваат: Александар Колекески (ИПА Механизам/Евротинк), Валентина Атанасовска (TACSO), Герман Филков (Центар за граѓански комуникации), Данче Даниловска (Фондација отворено општество Македонија), Адријана Лавчиска (Фондација отворено општество Македонија), Дона Костуранова (Младински образовен форум), Марија Ристеска (Центар за истражување и креирање политики), Никица Кусиникова (КОНЕКТ) и Марко Трошановски (Институт за демократија – Социетас цивилис).

roadmap3

Овој документ е прв структуриран и сеопфатен правец за развој на граѓанското општество како еден од столбовите за равој на демократијата. Документот ги опфаќа областите на политичка и институционална рамка за ГО; државно финансирање на граѓанските организации; правна и фискална подржувачка околина за одржливост на ГО; улогата на ГО во соработката со институциите, граѓаните, бизнис секторот и меѓу себе; добро управување и зголемување на довербата во ГО.