Реформи во правосудството во Македонија, Србија и Црна Гора – анализа на мерките и пристапите

Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ денес организираше јавна дебата посветена на реформите во правосудството во Македонија, Србија и Црна Гора. Настанот беше организиран во соработка со Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата КонрадАденауер и ИПА 2 Механизмот за граѓански организации.

На настанот беше презентирана студија која ги анализира предвидените мерки за реформи во правосудството и нуди препораки за нивно усогласување со стандардите на Европската унија.Претседателката на работната група за изготвување на Стратегијата за реформи во правосудниот систем во Македонија – проф. д-р Ана Павловска-Данева ги претстави мерките предвидени со нацрт-Стратегијата. Документот е поднесен до Европската унија а по добивањето коментари ќе се финализира и ќе биде усвоен од Владата. Г. Александар Николов, извршен директор на Асоцијацијата Зенит, ги претстави целите на истражувањето и истакна дека реформите кои се од клучно значење за процесот на пристапување кон Европската унија треба да бидат подготвени и спроведени во транспарентен процес кој ќе ги вклучува експертската јавност и граѓанските организации, во насока на градење на широк општествен консензус и земање предвид на потребите на граѓаните.Ѓ-ѓаУранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права образложи како граѓанскиот сектор активно се вклучи со давање предлози и коментари при изработката на Стратегијата. Претседателот на Судскиот Совет на Република Македонија, г. Зоран Караџовски ја поздрави иницијативата на граѓанските организации и ги посочи клучните мерки на кои ќе се фокусира Судскиот совет во претстојниот период. На настанот се обрати и директорот на Фондацијата КонрадАденауер – Програма за владеење на правото во Југоисточна Европа, г. Хартмут Ранк, кој ја истакна важноста на правосудните реформи за членство во Унијата.

Во дискусијата беа вклучен повеќе домашни и меѓународни експерти во областа на правосудството, како и претставници на клучните институции во правосудниот сектор во Македонија.

Македонија, Србија и Црна Гора се соочуваат со сериозни реформи во правосудството како дел од нивните напори за пристапување кон Европската унија. Србија и Црна Гора веќе усвоија Стратегии за реформи во правосудството, а Македонија е во процес на развивање на ваква Стратегија.Сепак, ЕУ го условува отпочнувањето на преговорите со листа на итни реформски приоритети, кои, меѓу другото, се однесуваат на: деполитизација на назначувањето и унапредувањето судии и обвинители; воспоставување на соодветен систем за избор на судии и јавни обвинители; ревизија на системот за дисциплински мерки за да се отстранат ризиците по независноста на судството, осигурување на професионалноста на Судскиот совет во насока на штитење на независноста на судството.