ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ/ВОЛОНТЕРИ ВО СКЛОП НА ИПА 2 МЕХАНИЗМОТ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

ИПА2 механизмот за граѓанските организации е мрежа од 229 граѓански организации, чии што цели се насочени кон подобрување на партиципативната демократија преку создавање услови и осигурување соработка на властите со граѓанските организации. ИПА 2 Механизмот е поддржан со проект финансиран од Европската унија, спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит.

Во склоп на проектот, предвидено е да се ангажираат волонтери кои ќе бидат активно вклучени во работата на граѓанските организации. Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции меѓу кои и Европската унија, организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување истражувања и анализи.

Вкупно ќе бидат ангажирани најмногу до 3 волонтери во период од 5 до 6 месеци. Волонтерите ќе имаат активности во просек по 20 часа неделно. За покривање на трошоците за храна и превоз, волонтерите ќе добиваат месечен надомест во износ од 4200 денари. Проектниот конзорциум го задржува правото да не ги пополни сите позиции.

Главни волонтерски задачи:

•    подготовка на информативни материјали за активностите и иницијативите на Механизмот;
•    следење на тековни медиумски објави/настани од интерес за делокругот на Механизмот;
•    поддршка во вршење истражувања и анализи;
•    поддршка при организирање обуки и настани;
•    комуникација со институции и организации, вклучително и присуство на состаноци и средби со организации/институции;
•    други тековни активности од работењето на Механизмот.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

•    Студенти во последна година на додипломски студии, студенти на постдипломски студии или дипломци/магистри од областа на општествените науки (политички науки, право, новинарство, економија, социологија и други поврзани области)
•    Напредно познавање англиски јазик
•    Солидни компјутерски вештини (Microsoft Word, Excel, PowerPoint)
•    Солидни комуникациски вештини и способност за запазување крајни рокови

Заинтересираните кандидати треба да изразат интерес со испраќање мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на ipa2cso@gmail.com заклучно со 24.02.2017 г. Кандидатите ќе бидат известени за конечната одлука по електронска пошта.