ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ IPA2CSO- SP- 01

1. Цел на повикот

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објавува ограничен повик за изработка на анализи на секторските политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2. Целта на овие анализи е придонесат во унапредување на секторските политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евро интеграциите. Опис на секторите, потсекторите и преглед на клучните секторски стратешки документи кои ќе бидат предмет на анализата е даден во Прилог 1.

Во рамките на повикот ќе бидат поддржани активности за анализа на секторските политики кои ќе резултираат со аналитички извештаи кои ќе вклучуваат:

•    преглед на моменталната состојба со политиките во еден од секторите или потсекторите,

•    степен на имплементација на една или повеќе секторски политики,

•    идентификување на клучни предизвици и насоки за подобрување на секторските политики.

2. Опсег на повикот

Повикот е наменет само за претставници на организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, како и за избраните претставници и заменици на секторските работни групи кои функционираат во рамките на механизмот. Истражувачите/аналитичарите, поединечно или во тим, може спроведуваат анализа на политики во секторот во кој делуваат, односно една организација и/или индивидуа може да конкурира само во еден сектор. Во рамките на повикот ќе бидат поддржана подготовка на најмногу 12 анализи.

3. Спроведување на активностите

Процесот на подготовка на аналитичките извештаи треба да вклучува преглед на политики,програми и регулативи во дадениот сектор, консултации со претставници на институциите задолжени за развој и имплементација на политиката која е предмет на анализа, консултации со работните групи на ИПА 2 Механизмот, како и со други недржавни чинители кои делуваат во конкретната област.

За спроведување на активностите од овој повик и подготовка на секоја од анализите предвиден е вкупен надомест од 1.100 евра, (бруто) во денарска противвредност. Износот ги опфаќа сите трошоците за спроведување на анализата.

Истражувачите кои ќе ги спроведуваат анализите ќе склучат директни договори со Македонскиот центар за европско образование, а исплатата на надоместокот ќе се одвива според следната динамика:

•    50% по склучување на договорот

•    50% по поднесување на финалната анализа

4. Рокови

Доставување на предлози                       23    ноември – 5 декември 2016 година

Објавување на избраните предлози    10    декември 2016 година

Спроведување на активностите            11    декември 2016 – 10 февруари 2017

Преглед и ревизија на анализите        10    – 17 февруари 2017

Финализирање на анализите                17  – 28 февруари 2017

5. Начин на пријавување и избор

Документите за пријавување (пријава и биографија/биографии) треба да се достават исклучиво во електронска форма на contact@ipa2cso.mk (со назнака: IPA2CSO Анализа на секторски политики) најдоцна до 05.12.2016

Предлозите ќе се избираат врз основа на следните критериуми:

•    Квалитет на пријавата

•    Претходно искуство на подносителот/подносителите

•    Вклученост и посветеност на активностите на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации