Повик за ангажирање експерт за изработка на компилација на добри практики и препораки

Овој повик се однесува за изработка на компилација на добри практики и препораки за транспарентен и објективен избор и назначување на претставници од граѓанскиот сектор во секторските работни групи за програмирање на ИПА 2 и комитетите за мониторинг, (Проектна активност 2.2.Застапување ставови и интереси на граѓанското општество).

1.    Цел на повикот

ИПА 2 механизмот за граѓанските организации објавува повик за изработка на компилација на добри практики и препораки за транспарентен, конкурентен и објективен избор и назначување на претставници на граѓанскиот сектор во секторските работни групи за програмирање и комитетите за мониторинг.

ИПА 2 механизмот е мрежа од 232 граѓански организации што цели кон подобрување на партиципативната демократија преку создавање услови и осигурување соработка на властите со граѓанските организации. ИПА 2 механизмот е поддржан со проект финансиран од Европската унија, спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Асоцијација за развојни иницијативи- Зенит.

2.    Спроведување на активностите

За оваа намена ќе биде ангажиран експерт со кој ќе се склучи авторски договор и кој ќе добие бруто надомест во износ од 1.350 евра во денарска противвредност. Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности во времетраење од 23 работни денови. Експертот ќе земе учество и на презентација на содржината на трудот на настан организиран од ИПА 2 механизмот на граѓански организации.

Трудот треба да се подготви во тесна соработка со проектниот тим, а врз основа на:

•    Подготвена методологија за компаративна анализа;
•    Анализа на правните одредби врз кои се заснова ИПА 2;
•    Анализа на релевантни документи, регулативи и процедури во Македонија, земјите кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станале членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување;
•    Остварена комуникација со претставници на граѓански организации од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станале членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување, како и со претставници на ИПА 2 механизмот на граѓански организации во Македонија;
•    Остварена комуникација со претставници на владини институции од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станале членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување;
•    Остварена комуникација со Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија, Министерство за надворешни работи на Република Македонија, и Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, а по потреба и други државни институции со цел да се вклопат и нивните искуства и гледишта (на пр. институции кои ги предводат работните групи за програмирање и комитетите за мониторинг на спроведувањето на ИПА2, Националниот совет за европски интеграции);
•    Извршена сумарна анализа на добиените податоци од различните извори.

3.    Очекувани резултати

Избраниот експерт ќе треба да достави стручен труд што ќе ги содржи следниве елементи:

•    преглед и коментар на документи на ЕУ во кои има одредби за вклучување и информирање на засегнатите страни и граѓанското општество  во ИПА 2 програмирањето и мониторингот;
•    добри практики и политики од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станале членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување во однос на вклучување и информирање на засегнатите страни и граѓанскиот сектор во сите сегменти на животниот циклус на ИПА програмите, вклучително и транспарентен и објективен избор и назначување на претставници од граѓанскиот сектор во секторските работни групи за програмирање на ИПА 2 и комитетите за мониторинг;
•    клучни предизвици;
•    препораки за објективни и транспарентни критериуми и постапка за вклучување на претставници на граѓанските организации во секторските работни групи за програмирање и мониторинг комитетите за други начини на вклучување и информирање на граѓанското општествово сите сегменти на животниот циклус на ИПА програмите; за улоги, одговорности и правила за обезбедување навремен пристап на граѓанското општество до релевантни информации во сите сегменти на животниот циклус на ИПА програмите; за минимални информации за ИПА програмите, како и нивната подготовка, спроведување, мониторинг и евалуација кои треба да бидат достапни на локалните јазици; насоки како да биде соодветно исполнет условот на ЕУ за резимирање на процесите на консултации во акциските документи и програма;
•    план за застапување и имплементација на препораките;
•    план за следење и известување за напредокот во вклучување и информирање на граѓанското општествово сите сегменти на животниот циклус на ИПА програмите.

4.    Индикативни  рокови

•    Поставување на прашања по писмен пат најдоцна до 20 март 2017 г.
•    Изразување интерес од експерти – најдоцна до 22 март 2017 г.
•    Избор на експерт и склучување договор – најдоцна до 24 март 2017 г.
•    Доставување нацрт-труд – најдоцна до 15 мај 2017 г.
•    Презентација на наодите на годишната конференција на ИПА механизмот на 17 мај 2017 г.
•    Вклопување евентуални коментари и финализација на нацрт-трудот најдоцна до 31 мај 2017 г.

5.    Начин  на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за пријавување исклучиво во електронска форма на  ipa2cso@gmail.com (со назнака: IPA2CSO повик за експерт) заклучно со 22 март 2017 г.

Документите за пријавување вклучуваат:
а) професионална биографија
б) Пријава на повик за експерт

Експертот ќе се избере врз основа на следниве критериуми:

•    квалитет на пријавата
•    претходно искуство во развивање методологија за компаративна анализа и спроведување такви анализи
•    претходно искуство во области поврзани со темата на трудот за кој е објавен овој повик

За сите дополнителни прашања во врска со повикот, ве охрабруваме да се обратите по писмен пат на наведената електронска пошта во дадениот рок, односно најдоцна до 20 март 2017 на ipa2cso@gmail.com.