Одржана консултативна средба за Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Триесетина претставници на граѓанскиот сектор, денеска одржаа консултативна средба на која ја дискутираа содржината на предлог Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Меѓу присутните беа и претставници на дел од 89-те организации кои предходно го бојкотираа усвојувањето, како и дел од избраните претставници.   Консултативната средба беше во организација на ИПА механизмот на граѓански организации (IPA2CSO) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

По одржаната консултативна средба на 13.7.2017 г. од страна на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија-Одделението за соработка со невладини организации, беше изразена волјата на Владата за изменување и дополнување на текстот на предлог-одлуката за формирање на Советот, согласно мислењата и ставовите на претставниците на граѓанските организации. Дополнително овозможено беше доставување на онлајн забелешки и предлози за ревидирање на текстот на веб-страницата на Одделението со рок до 15 септември 2017 година.

ipa2cso1

Во пресрет на рокот за доставување предлози, ко-организаторите на оваа средба ИПА механизмот на граѓански организации и МЦМС сметаа дека придонесот кон предлог одлуката треба да биде заеднички дискутиран со поголем број организации, а во насока на обединување на напорите на граѓанскиот сектор за создавање Совет кој што ќе придонесе кон зајакнување на соработката со Владата и политиките за развој на граѓанското општество.

Клучните барања во поглед на изменување идополнување на текстот, забелешките и предлозите ќе бидат интегрирани во еден документ.