Консултации

Одржана консултативна средба за Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

ipa2cso1Триесетина претставници на граѓанскиот сектор, денеска одржаа консултативна средба на која ја дискутираа содржината на предлог Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Меѓу присутните беа и претставници на дел од 89-те организации кои предходно го бојкотираа усвојувањето, како и дел од избраните претставници.   Консултативната средба беше во организација на ИПА механизмот на граѓански организации (IPA2CSO) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Изработени и испратени коментари по консултации со граѓанскиот сектор за Националниот индикативен стратешки документ за ИПА2

petaОрганизирани беа средби со избраните секторски претставници во секој од секторите на ИПА 2 механизмот кои во консултација со граѓанските организации од своите сектори изработија коментари за Националниот индикативен стратешки документ за ИПА2. Сите коментари беа испратени до Делегацијата на Европската унија. За овие коментари следеше и покана за консултации со граѓанскиот сектор од страна на преставникот на Делегацијата на Европската унија г- динот Никола Бертолини на која учество земаа избраните секторски претставници.

Спроведени првични секторски консултации и посебна консултација за приоритетите за новата Стратегија за реформа на јавната администрација

vtoraИПА2 Механизмот организираше првични консултации со граѓанските организации во сите сектори предвидени со Индикативниот стратешки документ за ИПА2 во текот на март 2016 година. Наодите од консултациите беа доставени до Делегацијата на Европската унија во Скопје како придонес за извештајот за Македонија за 2016 година. Исто така, ИПА 2 Механизмот организираше посебна консултација посветена на одредување приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Консултацијата се одржа на 30 јуни 2016 г. во Скопје со околу 60 претставници на граѓански организации и други засегнати страни. Претставници на ИПА 2 Механизмот беа вклучени и во работните групи за подготовка на Стратегијата.