Kоментари за Нацрт верзијата на документот Патоказ за развој на граѓанското општество во Македонија 2018 – 2022.

Почитувани претставници на граѓанското општество,

Во прилог можете да ја погледнете и коментирате Нацрт верзијата на документот Патоказ за развој на граѓанското општество во Македонија 2018 – 2022.  Се разбира овој документ треба да произлезе од сите нас, па оттука ве покануваме активно да дадете коментари на предлозите во него.  По сумирање на вашиот придонес ќе бидат организирани консултативни работни средби за заедничко завршување на овој значаен текст. Крајната цел е заедно да дадеме насоки и визија за развој на граѓанското општество.

Документот ги опфаќа областите на политичка и институционална рамка за ГО; државно финансирање на граѓанските организации; правна и фискална подржувачка околина за одржливост на ГО; улогата на ГО во соработката со институциите, граѓаните, бизнис секторот и меѓу себе; добро управување и зголемување на довербата во ГО.

НАСОКИ ЗА КОМЕНТИРАЊЕ :

Коментарите на Нацрт – Патоказот за ГО може да ги дадете на два начина :

1. Со пополнување на Документ за поднесување на коментари кој потоа ќе го испратите на patokazkomentari@gmail.com или

2. Со пополнување на  формуларот на следниот линкРокот за испраќање на коментарите е 10.11.2017 (до 17:00 часот).

Организациите кои немаат коментари на предлог текстот, но се согласуваат со содржината и би сакале да бидат инволвирани во понатамошните процеси може да ни испратат својa мејл информација за поддршка и лице за контакт од својата организација.

Со почит.

Евротинк-Центар за европски стратегии,

Институт за демократија Социетас Цивилис,

Конект,

Македонски Центар за меѓународна соработка,

Младински образовен форум,

Фондација Отворено општество – Македонија,

Центар за граѓански комуникации и

Центар за истражување и креирање политики, 

чии претставници го подготвија овој Нацрт-Патоказ, а беа воведничари на Форумот „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“, кој се одржа по иницијатива на донаторската заедница во Македонија на 7 јуни 2017 година.