Избрани секторски претставници на ИПА 2 механизмот

Во текот на Конференцијата беа избрани и 8 преставници од граѓанските организации и нивни заменици за сите сектори кои ќе ја претставуваат врската помеѓу организациите и Владата на РМ во процесот на програмирање и имплементација на ИПА 2.

Во секторот 1 – Демократија и владеење, за секторски претставник беше избрана Розалија Карчицка Василевска, проектен координатор на Бизнис центарот при Скопски плански регион. А за заменик претставник Соња Дамчевска од Здружение на граѓани „Коалиција за одржлив развој – КОР„

Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија беше избрана за секторски претставник на Секторот 2, Владеење на правото и темелни права, додека на функцијата заменик претставник дојде Васка Цветановска од ХОПС .

Најмногу гласови во Сектор 3  „ Животна средина“ и Секотр 4 Транспорт/Енергија, кои ќе настапуваат удружено, доби Методија Саздов, претседател на невладината еколошка организација Македонски зелен центар.

За секторски претставник на Сектор 5 Маријана Лончар Велкова од ОПМ, а за нејзин заменик Светлана Кировска од Фондација на мали и средни претпријатија Скопје.

Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија е новиот секторски претставник на Сектор 6 „Социјален развој“, а Марија Савовска од Акција Здруженска заменик претставник.

Во Сектор 7 – Земјоделство и рурален развој најмногу гласови доби,Васко Хаџиевски од Здружение на агроекономисти на Македонија, додека за заменик претставник Несим Велиу од Екопродукт Тетово.

Во Сектор 8 – Регионална и територијална соработка, довербата за секторски претставник и беше доверена на Ивана Петровска од  АЛДА Скопје, додека нејзин заменик е Нелко Нелковски од Македонски центар за културен развој.