Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации

Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, на 16 и 17 мај  организираа годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

Пленарна сесија: Состојба со програмирањето на ИПА2

Пленарна сесија: Состојба со програмирањето на ИПА2

Настанот траеше два дена и учество земаа претставници на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, министерствата и институциите задолжени за програмирање на ИПА фондовите, како и на граѓанските организации од републиката.

Учесниците ги разгледувуваа можностите за подобрување на искористеноста на фондовите за развој што и се нудат на Република Македонија преку ИПА 2 програмата на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година и беа запознаени со ИПА 2 механизамот за граѓански организации како алатка за зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, ДЕУ и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на ИПА2.

Присутните имаа можност да дискутираат за секторските состојби и предизвици во сите осум сектори, да бараат идеи за комуникација помеѓу граѓанските организации во секој сектор, меѓутоа и со јавноста како и можности за вмрежување.

Заклучоци од работната група на Сектор 1: Демократија и владеење

Заклучоци од работна група на Сектор 3 и 4: Животна средина и транспорт 

Заклучоци од работна група на Сектор 5: Конкурентност и иновации 

Заклучоци од работната група на Сектор 7: Земјоделство и рурален развој 

 

Целта на средбата во Охрид е вклучување на повеќе од 200 граѓански организации во Република Македонија вклучени во мрежата при воспоставувањето механизам за консултација за подобро програмирање и искористување на европските фондови за претпристапна помош во земјата.

„Како што јакнат капацитетите на институциите за искористивање на фондовите, така растат и капацитетите на бизнис-секторот, граѓанските организации и корисниците на помошта. Наша цел е преку вакви состаноци и да посочиме на проблемите, да помогнеме во олеснувањето на пристапот до фондовите, а истовремено и да ги зајакнеме капацититите на потенцијалните корисници на грантовите“ – истакна Ана Чоловиќ-Лешкоска, претставник на една од организациите основачи на ИПА2-механизмот на граѓански организации.

Александар Колекески за резултатите на ИПА 2 механизамот

Александар Колекески за резултатите на ИПА 2 механизамот

Александар Колекески од ЕВРОТИНК рече дека слаба искористеност има во компонентата пет, фактички ИПАРД, рурален развој каде што секоја година имаше повраток на 14-15 милиони евра на годишно ниво, средства кои што се враќаа во буџетот на ЕУ.

Во двата дена присутните организации во секторски работни групи работеа на можни решенија за проблемите со кои се сретнуваат во пракса кога станува збор за искористување на ИПА фондовите како и идни чекори кои граѓанскиот сектор треба да ги превземе за да се надминат ваквите проблеми.

Групна фотографија од учесниците на конференцијата

Групна фотографија од учесниците на конференцијата

ИПА2 механизамот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка.

Покривање на настанот од медиуми на следниот линк.

Фото галерија од настанот на следниот линк.