Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации

ipa2csogodishna-sredba1
Event Start Date:
16/05/2017
Event End Date:
17/05/2017
Event Venue:
hotel Metropol, Ohrid

Почитувани претставници на граѓанските организации,

Во името на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, со задоволство Ве покануваме на годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

Настанот ќе се одржи на 16-ти и 17-ти мај 2017-та година, во хотел Метропол, Охрид. Пријавувањето се врши со пополнување на формулар за пријавување.

Годишната средба претставува место каде граѓанските организации дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, но и споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување.

На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина.

Би ни претставувало особено задоволство доколку Вие или претставник на Вашата организација учествува на настанот.

Повикот за пријавување се продолжува заклучно до 5 мај 2017 година. Селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 8 мај 2017 година.

Во прилог официјална покана со услови за пријавување и логистички информации.

Со почит,
IPA2CSO проектен тим