БИЛТЕН – ИПА 2 механизам за граѓанските организации во Македонија

Воспоставена мрежа од 217 граѓански организации- членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации

prva

ИПА2 механизамот е основан од страна на 8 граѓански организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка. Од 120 членки пред да започне проектот, ИПА 2 механизамот само во иницијалниот период на проектот прерасна во мрежа од 217 граѓански организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. Овие организации добиваат редовни вести и новости поврзани со спроведување на ИПА 2 во земјата, како и можности за активно вклучување во процесот на програмирање на ИПА 2 компонента. За прв пат е инициран процес на секторска консултација за индикативниот стратешки документ за ИПА 2 и изработени се првите коментари за  истиот.

Спроведени се првични секторски консултации и посебна консултација за приоритетите за новата Стратегија за реформа на јавната администрација


ИПА2 Механизмот организираше првични консултации со граѓанските организации во сите сектори предвидени со Индикативниот стратешки документ за ИПА2 во текот на март 2016 година. Наодите од консултациите беа доставени до Делегацијата на Европската унија во Скопје како придонес за извештајот за Македонија за 2016 година. Исто така, ИПА 2 Механизмот организираше посебна консултација посветена на одредување приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Консултацијата се одржа на 30 јуни 2016 г. во Скопје со околу 60 претставници на граѓански организации и други засегнати страни. Претставници на ИПА 2 Механизмот беа вклучени и во работните групи за подготовка на Стратегијата.

Доделени се грантови на граѓански организации од сите 8 сектори

treta
Со цел да обезбеди поддршка за граѓански организации за изработкана секторски анализи на политики, со опис на моменталната состојба и предлози / препоракиза нејзино подобрување доделени беа грантови на 8 граѓански организации од сите сектори. Како резултат на активностите поддржани со доделениот грант, секој грантист треба да изготви и доставианалитички документ кој сoдржи скрининг и идентификација на моменталната состојба во еден од секторите или потсекторите наведени во Националниот индикативен стратешки документза ИПА2, да дадепредлози/препораки за нејзино подобрувањеидаспроведува активности за нивно застапување.
Прочитај повеќе…

Организирана годишна Конференција на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации

konferencija
Избрани секторски претставници во секој од секторите на ИПА 2 механизмот

Два дена претставници на 256 невладини организации, дел од ИПА механизмот, дискутираа и даваа препораки за подобро искористување на ИПА2 средствата и избираа свои секторски претставници во секој од секторите на ИПА 2 механизмот : (1) Демократија и владеење, (2) Владеење на правото и темелни права, (3) Животна средина (4) Транспорт/Енергија, (5) Конкурентност и иновации, (6) Социјален развој, (7) Земјоделство и рурален развој, а беше конституиран и нов сектор (8) Регионална и територијална соработка.
Прочитај повеќе…

Изработении испратени коментари од граѓанскиот сектор за Националниот индикативен стратешки документ за ИПА2

peta
Организирани беа средби со избраните секторски претставници во секој од секторите на ИПА 2 механизмот кои во консултација со граѓанските организации од своите сектори изработија коментари за Националниот индикативен стратешки документ за ИПА2. Сите коментари беа испратени до Делегацијата на Европската унија. За овие коментари следеше и покана за консултации со граѓанскиот сектор од страна на преставникот на Делегацијата на Европската унија г- динот Никола Бертолини на која учество земаа избраните секторски претставници.
Прочитај повеќе…

Организирана првата IPA2CSO обука за граѓанските организации на тема
“Програмирање на ЕУ фондови преку примена на принцип на партнерство”

sesta
На обуката која траеше два дена учество земаа 20 претставници од граѓанскиот сектор, меѓу кои избраните секторски претставници и претставници од организациите добитници на грантови од првиот повик за доделување грантови под IPA2CSO проектот.Обучувачите Markus Trilling од CAN Europe, Петко Ковачев од Центар за еколошка едукација и образование во Бугарија и Драгана Милеуснич од CAN Europe ги информираа учесниците за ЕУ фондовите и програмите како и можни начини на влијаење на ИПА 2 компонентата преку здружување во коалиции и мрежи на граѓански организации.