Action Fact Sheet – Заштита на природата во НП Галичица: Бајка или реалност

                           Action Fact Sheet

 Заштита на природата во НП Галичица: Бајка или реалност

Генералната цел на проектот е креирање на долготрајна рамка за заштита на природата во НП Галичица од натамошно уништување , преку анализирање на проблемите, правната рамка и преку соработка со сите засегнати страни.

 

Во рамки на проектот беа анализирани потребите и недостатоците на сегашната законската регулатива, институционалните механизми за заштита на природата во НП Галичица, како и институциите надлежни за спроведување на законската рамка. Воедно, проектот се обиде да ја зајакне соработката помеѓу граѓаните, НВО секторот и институциите надлежни за заштита на природата во НП Галичица.

 

Проектот во финалната фаза дополнително упати апел и застапуваше за зајакната правна рамка за заштита на природата во НП Галичица со цел да се спречат штетни инфраструктурни објекти во НП Галичица.

Текстот од анализата можете да го најдете во следниот линк:

ЛИНК ОД АНАЛИЗАТА