Резултати од ВТОР ПОВИК за доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) Референтен број IPA2/GS-02

Овој повик за поднесување предлог проекти е наменет за обезбедување поддршка на мали (грасрутс) организации, кои работат на локално ниво односно иницијативи предложени од нив кои придонесуваат кон примена во пракса на принципот на партнерство на ИПА 2. Како резултат на поддржаните активности, секој апликант се очекува да предложи локална иницијатива преку два типа на грантови кои ги овозможува овој повик:

  • А. Вмрежување на актери од граѓанското општество – Поддршка на граѓански организации за спроведување иницијативи во рамките на граѓанското општество, преку меѓусебно вмрежување на актерите од граѓанското општество
  • Б. Синергии и вмрежување со засегнати државни и недржавни чинители – Поддршка на граѓански организации во постигнување синергии и вмрежување со засегнати државни (општини, подрачни единици на министерства и останати институции на локално ниво) и не – државни чинители (бизниси, синдикати, медиуми, итн).  ЦЕЛИОТ ПОВИК ТУКА

Вкупно 84 организации аплицираа на повикот.

Ова се резултатите:

Листа на одобрени
Ап. бр. Организација Регион Проект
36 Центар за едукација и развој-ЦЕД – Теарце Полошки Шар Планина – Наш заеднички природен дом
19 ЦЕЛОР- Центар за локален развој – Радовиш Југоисточен Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион
66 ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани Пелагониски Вмрежени за рурален развој
32 Институт за развој на рурални заедници –ИРРЗА – Пробиштип Источен Зголемување на капацитетите на руралните заедници преку јакнење на трипартитни партнерства
25 Ромски Ресурсен Центар, Шуто Оризари Скопски Можности за градење на посилно граѓанско општество на локално ниво
18 Здружение за Рурален развој локална акциона група ЛАГ, Скардус, Јегуновце Полошки Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО
37 Здружение лидери за едукација, активизам и развој, Чаир Скопски Инкубатор за младинско организирање
67 Рома Перспектив Прилеп Пелагониски Отворени институции, остварени и научени права

 

Резервна листа
Ап. бр. Организација Регион Проект
22 НВО Милениум Полошки Мрежа за образование и социјални работи на организации од Полошкиот регион
60 Младите можат Скопски Истражи! Освести! Делувај!

ИПА 2 механизмот за граѓански организации, во врска со вториот повик за доделување грантови во рамките нa проектот IPA2CSO организираше инфо денови во следните градови, БИТОЛАШТИП ,СКОПЈЕ и ТЕТОВО

За англиски јазик повеќе на следниот ЛИНК

For english on the folowing LINK.