Публикација „Што е принцип на парнерство?“

Публикација на ИПА механизмот за граѓански организации „Што е принцип на парнерство?“

Споредено со претходни инструменти, ИПА бара поголема вклученост од националните власти, бидејќи треба да ја подготви земјата за членство во ЕУ.
Следствено, нивото на сопственост за ИПА во споредба со претходните инструменти за помош од ЕУ треба значително да се зајакне, особено бидејќи управувањето со сите ИПА компоненти треба да им се додели на националните власти.

Досегашното искуство укажува на тоа дека во спроведувањето на ИПА недостига транспарентност и вклучување на други релевантни засегнати страни во мониторингот на фондовите на ЕУ. Актуелните трендови на ниво на ЕУ бараат поголемо вклучување на националните парламенти (како што е наведено со промените воведени со Лисабонскиот договор во 2009 година), граѓанските организации, универзитетите, професионалните здруженија, синдикатите итн во овие процеси.

Линк од публикацијата „Што е принцип на парнерство?“