ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO) РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ IPA2/SA-02

1. Цел на повикот

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објавува ограничен повик за изработка на анализи насекторските политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2. Целта на овие анализи е да придонесат во унапредување на секторските политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евроинтеграциите. Опис на секторите, потсекторите и преглед на клучните секторски стратешки документи кои ќе бидат предмет на анализата е даден во Прилог 1.

Во рамките на повикот ќе бидат поддржани активности за анализа на секторските политики кои ќе резултираат со аналитички извештаи кои ќе вклучуваат:

преглед на моменталната состојба со политиките во еден од секторите или потсекторите,

степен на имплементација на една или повеќе секторски политики,

идентификување на клучни предизвици и насоки за подобрување на секторските политики.

2. Опсег на повикот

Повикот е наменет само за претставници на организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанскитеорганизации, како и за избраните претставници и заменици на секторските работни групи коифункционираат во рамките на механизмот. Истражувачите/аналитичарите, поединечно или во тим, може да спроведуваат анализа на политики во секторот во кој делуваат, односно една организација и/илииндивидуа може да конкурира само во еден сектор. Во рамките на повикот ќе бидат поддржана подготовка на најмногу 13 анализи.

3. Спроведување на активностите

Процесот на подготовка на аналитичките извештаи треба да вклучува преглед на политики, програми и регулативи во дадениот сектор, консултации со претставници на институциите задолжени за развој и имплементација на политиката која е предмет на анализа, консултации со работните групи на ИПА 2 Механизмот, како и со други недржавни чинители кои делуваат во конкретната област.

За спроведување на активностите од овој повик и подготовка на секоја од анализите предвиден енадомест од 1.100 евра, (бруто) во денарска противвредностИзносот ги опфаќа сите трошоците за спроведување на анализата.

Истражувачите кои ќе ги спроведуваат анализите ќе склучат директни договори со Македонскиот центар за европско образование, а исплатата на надоместокот ќе се одвива според следната динамика:

50% по доставување на првичната нацрт верзија од анализата

50% по поднесување на финалната анализа

Рокови

Доставување на предлози

31

јануари – 14 февруари 2018 година

Објавување на избраните предлози

19

февруари 2018 година

Спроведување на активностите

21

февруари 2018 – 30 март 2018

Преглед и ревизија на анализите

2

– 6 април 2018

Финализирање на анализите

9

– 15 април 2018

5. Начин на пријавување и избор

Документите за пријавување (пријава и биографија/биографии) треба да се достават исклучиво во електронска форма на ipa2cso@gmail.com (со назнака: IPA2CSO Анализа на секторски политики) најдоцна до 14.02.2018

Предлозите ќе се избираат врз основа на следните критериуми:

Квалитет на пријавата

Претходно искуство на подносителот/подносителите

Вклученост и посветеност на активностите на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

ЦЕЛИОТ ПОВИК ТУКА

ПРИЛОГ 1  ПРЕГЛЕД НА СЕКТОРИ, ТЕМИ И КЛУЧНИ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ СПОРЕД ИНДИКАТИВНИОТ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2014 – 2020 ТУКА

ПРИЈАВА ТУКА