ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO) РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ IPA2/SA-02-SLC (ДОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРИОТ ОГРАНИЧЕН ПОВИК)

ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO) РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ IPA2/SA-02-SLC (ДОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРИОТ ОГРАНИЧЕН ПОВИК)

  1. Цел на повикот

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објавува дополнување на вториот ограничен повик за изработка на анализи за секторски и хоризонтални прашања кои се однесуваат на граѓанското општество, како и секторски политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2.

Целта на овие анализи е да придонесат во унапредување на секторските политики, но и хоризонтални политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евро интеграциите. Опис на секторите, потсекторите и преглед на клучните секторски стратешки документи кои ќе бидат предмет на анализата е даден во ПРИЛОГ 1

Во рамките на ова дополнување на повикот ќе бидат поддржани активности за анализа на секторските политики, како и хоризонтални прашања кои ќе резултираат со аналитички извештаи кои ќе вклучуваат:

  • преглед на моменталната состојба со политиките во однос на клучните прашања кои се однесуваат на граѓанското општество,
  • идентификување на клучни предизвици и насоки за подобрување на јавните и секторските политики од перспектива на граѓанското општество,
  • проценка на резултатите од реформите и влијанијата постигнати во одреден сектор, или потсектор; идентификување предизвици кои остануваат и насоки како политиките можат да се справат со тие предизвици во одреден сектор, или потсектор,
  • мониторинг за програмирањето и имплементацијата на ИПА2 во одреден сектор,
  • идентификување на клучни предизвици во однос на одреден сектор или потсектор и насоки за подобрување на секторските политики.

Во однос на стратешките документи можат во предвид да се земат и оние кои се предмет на владина обработка или се во одредена фаза на консултации во овој период.

  1. Опсег на повикот

Повикот е наменет само за претставници на организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, како и за избраните претставници и заменици на секторските работни групи кои функционираат во рамките на механизмот. Истражувачите/аналитичарите, поединечно или во тим, може да спроведуваат анализа на политики во секторот во кој делуваат, односно една организација и/или индивидуа може да конкурира само во еден сектор. 

Една организација и/или индивидуа може да конкурира само со една пријава на повикот. Со овој повик се поддржуваат нови пријави од организации/автори кои претходно не изработиле секторска анализа во рамки на проектот ИПА 2 Механизам за граѓанските организации (IPA2CSO).

Во рамките на повикот ќе бидат поддржана подготовка на најмногу 4 (четири) анализи.

  1. Спроведување на активностите

Процесот на подготовка на аналитичките извештаи треба да вклучува преглед на политики, програми и регулативи во дадениот сектор, консултации со претставници на институциите задолжени за развој и имплементација на политиката која е предмет на анализа, консултации со работните групи на ИПА 2 Механизмот, како и со други недржавни чинители кои делуваат во конкретната област.

За спроведување на активностите од овој повик и подготовка на секоја од анализите предвиден е надомест од 1.100 евра, (бруто) во денарска противвредностИзносот ги опфаќа сите трошоците за спроведување на анализата. Со истражувачите кои ќе ги спроведуваат анализите ќе се склучат директни договори, а исплатата на надоместокот ќе се одвива според следната динамика:

  • 50% по доставување на првичната нацрт верзија од анализата
  • 50% по поднесување на финалната анализа

Рокови

Доставување на предлози 21 март – 11 април 2018 година
 
Објавување на избраните предлози 18 април 2018 година
 
Спроведување на активностите 19 април 2018 – 18 мај 2018
 
Преглед и ревизија на анализите 18– 2мај 2018
 
Финализирање на анализите 28– 31 мај 2018
  1. Начин на пријавување и избор

Документите за пријавување (пријава и биографија/биографии) треба да се достават исклучиво во електронска форма на ipa2cso@gmail.com (со назнака: IPA2CSO Анализа на секторски политики) најдоцна до 11.04.2018

Пријава

Предлозите ќе се избираат врз основа на следните критериуми:

  • Квалитет на пријавата
  • Претходно искуство на подносителот/подносителите
  • Вклученост и посветеност на активностите на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации се смета за предност

Повик