ПЛАН ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ

ПЛАН ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ

Политиката за рурален развој промовира одржлив развој во руралните региони на ЕУ со посебен фокус на економските и социјалните прашања како и заштита на животната средина. Повеќе од половината на населението во ЕУ живее во руралните средини, кои опфаќаат 90% од територијата на ЕУ. Започната како иницијатива во 1991 година, ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамки на руралната развојна политика на ЕУ. ЛЕАДЕР се користи нашироко во земјите членки на ЕУ а досегашните искуства покажуваат дека ЛЕАДЕР пристапот може да направи вистински промени во секојдевниот живот на луѓето во руралните области. ЛЕАДЕР е холистички пристап „од долу нагоре” врз основа на специфичната природа на локалните проблеми, каде што локалните заинтересирани страни ги здружуваат силите за да ги искористат ефективно внатрешните потенцијали на нивната територија. ЛЕАДЕР е исто така во согласност со ЕУ принципите на субсидијарност (одлуките да се донесуваат на нивоа што е можно поблиску до граѓаните) и напорите да се зајакне улогата на институциите на локално и регионално ниво. Важноста на земјоделскиот сектор за Р.Македонија ја потенцира и важноста и потребата од воведување на Политиките за земјоделство и рурален развој во согласност со ЕУ регулативите.

 

 

 

Текстот од анализата можете да го најдете во следниот линк:

ЛИНК ОД АНАЛИЗАТА