Одговори на прашањата во врска со вториот повик за доделување грантови во рамките нa проектот IPA2CSO

Прашања Одговори
Во која валута (и во случај на евра – кој курс) треба да ја користиме за изработка на буџетот?

 

Валутата е македонски денар, а курсот е среден курс на народна банка.
Дали проектот е предвиден да биде ослободен од данок, со оглед на тоа што станува збор за европски проект?

 

 

Сите избрани грантисти се спроведуваат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП) и Управата за јавни приходи (УЈП).
Колкава треба да биде процентуалната вредност на секоја од буџетските ставки?  

Не се одредува фиксна процентуална вредност на одделните ставки, но истите треба да овозможат разумна и економична распределба на ресурсите за ефективна реализација на предвидените цели, резултати и активности.

 

Дали под недржавни чинители се подразбираат и образовни институции-универзитети?

Да
 

Дали би било прифатливо една граѓанска организација истовремено да изврши вмрежување и со актер од граѓанското општество и со недржавен чинител (комбинација од двата типа на грантови)?

Прифатливо е и во основа таквото вмрежување спаѓа под Б. Синергии и вмрежување со засегнати државни и недржавни чинители
 

Дали активностите треба да траат точно шест месеци, односно од 1 јануари-30 јуни 2018 година, или се работи за рамковен период во кој треба да се спроведат активностите (т.е. дали, на пример, активностите може да траат пет месеци во период од 1 јануари-31 мај 2018 година)?

Времетраење на проектите е шест (6) месеци со почеток од 1 јануари 2018.
 

Што се подразбира под “локално ниво”, односно “локални потреби”, или “работење на локално ниво”?

“Локално ниво”, е ниво во локална средина, “локални потреби”,  се потреби кои се автентични за одредена локална средина, а “работење на локално ниво” е делување во локална средина.
 

Дали како директни трошоци би се сметале трошоците за  неколку еднократни изнајмувања на простор за реализација на определени активности (за реализација на иницијативата)?

Да, доколку таквите трошоци се директно поврзани и оправдливи во однос на реализацијата на активностите предвидени со вашиот предлог.
 

Дали како директни трошоци би се сметале трошоците за определена публикација (поврзана со реализација на иницијативата)?

Да, доколку таквите трошоци се директно поврзани и оправдливи во однос на реализацијата на активностите предвидени со вашиот предлог.
Во формуларот за пријава во делот 6.Буџет, дали треба да се пополни на исти начин како во буџетскиот формулар (со сите буџетски наслови и линии).

Доколку е така тоа значи дека бројот на вкупните страни на делот за опис на предлогот (во фолмуралот за пријава) ќе го надминува ограничувањето од 3 страни. Дали буџетот влегува во таа пресметка од вкупно 3 страни или може да се смета за посебен дел?

Во формуларот за пријава во делот 6.Буџет, внесете ги само вкупните збирови по категории на ставки. Пр. За категоријата

1. Финансиски надоместок за лицата кои ја спроведуваат иницијативата, вкупно денари, за категоријата 2. Директни трошоци поврзани со реализацијата на иницијативата, , вкупно денари и т.н.

 

Дали во буџетот во делот на 4.Други трошоци (или можеби во 2. Директни трошоци) може да се пресмета трошок за лице кое ќе биде ангажирано 4 месеци за административниот и финансискиот дел на проектот (отварање нова сметка, регистрација на проектот, подготовка на финансиски извештај итн.)

Не сме во позиција да одговараме во материјална смисла за конкретни трошоци на предлозите во оваа фаза на спроведување на повикот.
 

Огласот бара локален фокус, дали тоа значи дека географското дејствување и ефекти на проектот треба да бидат во рамките на една општина или тоа може да биде во рамките на еден плански регион?

Во однос на географското дејствување не постои ограничување дали предлозите ќе се однесуваат во рамките на една општина или пак во рамките на еден плански регион.
 

Дали е потребно да се достават писма за поддршка/учество во проектот од наведените организации/институции, со оглед дека не гледам бодови за тоа?

Доставување на писма за поддршка не е наведено како барање со овој повик, но секако доколку цените дека има потреба согласно логиката на интервенција на вашиот повик, слободно можете да доставите и прилози кои ги сметате за релевантни.
 

Дали една организација може да учествува во, или да поднесе повеќе проекти?

Нема ограничување на бројот на проекти кои може да ги пријави една организација, но би ви препорачале да го задржите фокус на одреден предлог согласно критериумите дадени во повикот.
Дали е задолжително проектот да се потпира на Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2 или може да се поврзе со теми/проблеми кои се адресирани во секторски стратешки документи, а не се експлицитно наведени во Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2? Секоја иницијатива треба на локално ниво да одразува односно да се насочи на еден или повеќе од секторите или потсекторите наведени во Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2, додавајќи вредност на локално ниво спроведувајќи активности за унапредување на соработката и вмрежувањето, со фокус на: (1) Демократија и владеење; (2) Владеење на правото и темелни права; (3)Животна средина и климатски промени; (4) Транспорт/Енергија; (5) Конкурентност и иновации; (6) Социјален развој (образование, вработување и социјална политика); (7) Земјоделство и рурален развој; (8) Регионална соработка и територијална соработка (хоризонтално прашање).