КОРЕКЦИЈА НА ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO) РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ IPA2/SA-02

 

  1. Цел на повикот

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објавува ограничен повик за изработка на анализи на секторските политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2. Целта на овие анализи е да придонесат во унапредување на секторските политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евроинтеграциите. Опис на секторите, потсекторите и преглед на клучните секторски стратешки документи кои ќе бидат предмет на анализата е даден во Прилог 1.

Во рамките на повикот ќе бидат поддржани активности за анализа на секторските политики кои ќе резултираат со аналитички извештаи кои ќе вклучуваат една или сите од следните три работи:

  • проценка на резултатите од реформите и влијанијата постигнати во одреден сектор, или потсектор; идентификување предизвици кои остануваат и насоки како политиките можат да се справат со тие предизвици во одреден сектор, или потсектор,
  • мониторинг за програмирањето и имплементацијата на ИПА2 во одреден сектор,
  • идентификување на клучни предизвици во однос на одреден сектор или потсектор и насоки за подобрување на секторските политики.
  1. Опсег на повикот

Повикот е наменет само за претставници на организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, како и за избраните претставници и заменици на секторските работни групи кои функционираат во рамките на механизмот. Истражувачите/аналитичарите, поединечно или во тим, може да спроведуваат анализа на политики во секторот во кој делуваат, односно една организација и/или индивидуа може да конкурира само во еден сектор. Во рамките на повикот ќе бидат поддржана подготовка на најмногу 13 анализи.

  1. Спроведување на активностите

Процесот на подготовка на аналитичките извештаи треба да вклучува преглед на политики, програми и регулативи во дадениот сектор, консултации со претставници на институциите задолжени за развој и имплементација на политиката која е предмет на анализа, консултации со работните групи на ИПА 2 Механизмот, како и со други недржавни чинители кои делуваат во конкретната област.

За спроведување на активностите од овој повик и подготовка на секоја од анализите предвиден е надомест од 1.100 евра, (бруто) во денарска противвредностИзносот ги опфаќа сите трошоците за спроведување на анализата.

Со истражувачите кои ќе ги спроведуваат анализите ќе се склучат директни договори со Евротинк, а исплатата на надоместокот ќе се одвива според следната динамика:

  • 50% по доставување на првичната нацрт верзија од анализата
  • 50% по поднесување на финалната анализа

Рокови

Доставување на предлози 31 јануари – 14 февруари 2018 година
Објавување на избраните предлози 19 февруари 2018 година
Спроведување на активностите 21 февруари 2018 – 30 март 2018
Преглед и ревизија на анализите 2– 6 април 2018
Финализирање на анализите 9– 15 април 2018
  1. Начин на пријавување и избор

Документите за пријавување (пријава и биографија/биографии) треба да се достават исклучиво во електронска форма на ipa2cso@gmail.com (со назнака: IPA2CSO Анализа на секторски политики) најдоцна до 14.02.2018

Предлозите ќе се избираат врз основа на следните критериуми:

Квалитет на пријавата

Претходно искуство на подносителот/подносителите

Вклученост и посветеност на активностите на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

ЦЕЛИОТ ПОВИК ТУКА

ПРИЛОГ 1  ПРЕГЛЕД НА СЕКТОРИ, ТЕМИ И КЛУЧНИ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ СПОРЕД ИНДИКАТИВНИОТ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2014 – 2020 ТУКА

ПРИЈАВА ТУКА