Заклучоци од работна група на Сектор 1: Демократија и владеење

Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации, 16- 17 мај 2017 г. , хотел Белви-Метропол, Охрид
На настанот присуствуваа 16 претставници на граѓанските организации чија примарна област на дејствување припаѓа на секторот Демократија и владеење.
Во однос на начинот на функционирање и комуникација во секторската група во рамки на ИПА 2 Механизмот беа изложени неколку идеи:
o членките што сѐ уште не ја прифатиле поканата за секторската мејлинг листа тоа да го сторат;
o да се зајакне повратната комуникација од избраниот претставник до групата во однос на сите документи, податоци и информации во врска со секторот;
o да се одржуваат повеќе неформални консултативни настани кои не мора да се буџетираат;
o покрај средбите, може да се организираат и скајп конференции и вебинари;
o документите за кои се бараат коментари од граѓанските организации да се поставуваат на онлајн платформи кои се отворени и секој може да прави измени во документите во реално време;
o да се направи поделба на групата на потсектори согласно областите кои влегуваат во секторот 1;
o регионалните карактеристики и потреби треба да се земат предвид при спроведувањето консултации, најдобро преку регионални средби;
• За ИПА 2 Механизмот, СРЈА е утврдена како приоритетна област од ЕУ и имаше директно учество на претставници на Механизмот во работните групи за подготовка на Стратегијата. Идеите, препораките и насоките кои беа собрани од граѓанските организации преку консултативните настани и онлајн консултациите беа застапувани во работните групи и според нацрт текстовите кои беа циркулирани во одделните подгрупи, голем дел од нив беа прифатени. Потоа текстовите влегле во процес на редакција од странски експерти ангажирани преку проект финансиран од ЕУ, а МИОА сѐ уште нема споделено интегрална и официјална нацрт верзија – која засега е достапна само на претседателите и замениците во подгрупите.
• Начинот на селекција, вработување и унапредување не е воопшто опфатен во акцискиот документ за РЈА од ИПА 2017, со исклучок на ИТ алатка за менаџмент со човечки ресурси ¬– што не изгледа како клучна реформа за професионална, непартиска администрација заснована на заслуги.
• Приоритетите во однос на децентрализацијата не се подетално дефинирани во Индикативниот стратешки документ. Месните заедници кои се укинати беа добар начин на уредување на локалниот живот, односно нивниот формално правен карактер и располагањето со буџет придонесуваа кон развој на локалната демократија и обезбедуваа простор за директно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.
• Се детектираа следните подсектори и нивните надлежни државни институции:
Во однос на идните активности на членките на Сектор 1, беше договорено следново:
o Во јуни да се испрати циркуларно писмо до институции со кое ќе се побара иницијална средба за запознавање и утврдување начини на соработка;
o Да се спроведуваат поредовни консултативни средби и размена на предлози;
o Склучување меморандуми за соработка со државни институции;
o Споделување нацрт документи (пр. преку мејлинг листа, гугл драјв…);
Како посебно значајни приоритети се наведоа:
o Реформа на јавната администрација
o Децентрализација
o Секторско вмрежување
Се даде предлог ИПА 2 Механизмот да изработи Комуникациски план (стратегија) што структурно би се состоел од три дела:
o Комуникација со државни институции;
o Секторска и меѓусекторска комуникација;
o Видливост во јавност;