Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО

Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО

Градењето на заеднички капацитети на локалните институции и граѓаните, организирани во било кој облик, води до подобрување на условите за живот во руралните средини и подигање на квалитетот на живеење во заедницата. Таквиот начин на соработка дава нов стимулс за сите инволвирани страни во процесот на развој на средината во која соработката е клучна за напредокот.

 

Со зајакнување на релациите помеѓу локалните институции, бизнис секторот и граѓанските организации се создаваат услови за брз проток на информациите, а со тоа и остварување на соработка во која природно се создава партнерски однос. Овој тип на партнерски однос несомнено води кон успех и т.н. win-win ситуација во која секој добива. При тоа локалните институции ги остваруваат основните функции заради кои постојат и се формирани. Бизнис заедницата пак од друга страна остварува профит и со самото ја зајакнува средината преку нови вработувања, плаќање даноци, изградба на производни капацитети, а со нив и придружна инфраструктура која ја употребува и локалното население. За сето ова да функционира во ваков облик, како катализатор се јавува НВО секторот, односно граѓанските организации, чија основна улога во сето ова е да ги препознаат проблемите на граѓаните и да ги адресираат на вистинската адреса. Користејќи ги проектите, како основна алатка за влијание и промени во средината, граѓанските организации ги поврзуваат сите заинтересирани страни и создаваат партнерства кои се од заеднички интерес за сите засегнати страни.

 

 

 

 

Текстот од анализата можете да го најдете во следниот линк

ЛИНК ОД АНАЛИЗАТА