БИЛТЕН 2 – ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ИПА2 механизмот е основан од страна на 8 граѓански организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка. Од 120 членки пред да започне проектот, ИПА 2 механизамот само во иницијалниот период на проектот прерасна во мрежа од 217 граѓански организации-членки на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. Со што во периодот опфатен со вториот Билтен, членството порасна на 270 членки. Овие организации добиваат редовни вести и новости поврзани со спроведување на ИПА 2 во земјата, како и можности за активно вклучување во процесот на програмирање на ИПА 2 компонента.

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРВИОТ ОГРАНИЧЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИ НА СЕКТОРСКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објави дополнување на првиот ограничен повик за изработка на анализи на секторските политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2. Целта на овие анализи е да придонесат во унапредување на секторските политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евро интеграциите.

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации објави дополнување на првиот ограничен повик за изработка на анализи на секторските политики од Националниот индикативен стратешки документ за ИПА 2. На повикот беше одбрана анализа во сектор 2: Владеење на правото и фундаментални права, што ја спроведува м-р Мирослав Драганов.

Проектната задача опфаќа изработка на стручен труд- извештај врз основа на анализа на документи, компаративна анализа, полуструктурирани интервјуа и доставување на извештај. Анализата има за цел да даде одговор на прашањата дали, колку, на кој начин и во кој сегмент моменталната политика обезбедува независност, транспарентност и ефикасност во судството, но и како обезбедува соодветни услови за унапредување на постојните системи за алтернативно решавање на споровите и за бесплатната правна помош.

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ/ВОЛОНТЕРИ ВО  СКЛОП НА ИПА 2 МЕХАНИЗМОТ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во склоп на проектот, предвидено е да се ангажираат волонтери кои ќе бидат активно вклучени во работата на граѓанските организации. Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции меѓу кои и Европската унија, организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување истражувања и анализи.

Вклучени се волонтери во Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит,  кои што работат во склоп на проектот, односно во подготовка на информативни материјали за активностите и иницијативите на Механизмот,   следење на тековни медиумски објави/настани од интерес за делокругот на Механизмот;  поддршка во вршење истражувања и анализи; поддршка при организирање обуки и настани;   комуникација со институции и организации, вклучително и присуство на состаноци и средби со организации/институции како и  други тековни активности од работењето на Механизмот.

ПРИЈАВА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ОД ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Беше објавена пријава за изразување интерес од граѓански организации за учество во ИПА 2 Механизам за граѓанските организации (IPA2CSO)  со која се овозможува можност, организациите да се информирани за:

  • Учество во секторски консултации и консултации со државните органи и Делегацијата на Европската унија
  • Аплицирање за проектен грант преку „IPA2CSO“
  • Членување во мрежата – ИПА 2 механизам – која го следи искористувањето на Европските фондови во Македонија и во која моментално членуваат 229 организации (само за здруженија и фондации)
  • Учество во националната годишна средба на граѓански организации – членки на ИПА 2 механизмот
  • Изработка на секторски анализи за различни јавни политики
  • Пријавување свој практикант за програмата на менторство во рамки на проектот Учество во јавни дебати и промоции
  • Пристап до информации за текот на проектот.

Со оваа пријава членството на ИПА механизмот е ажурирано и корот на членството достина бројка од 250 а во пошироката соработка се вклучени вкупно повеќе од 270 членки.

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОМПИЛАЦИЈА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ И ПРЕПОРАКИ

Во рамките на  проектните активности на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, се објави повик за експерт за подготовка на Компилација на добри практики и препораки за транспарентен и објективен избор и назначување на претставници од граѓанскиот сектор во секторските работни групи за програмирање на ИПА 2 и комитетите за мониторинг.

На повикот како најсоодветна беше избрана понудената проектна задача од проф. Абдула Азизи. Проектната задача опфаќа изработка на стручен труд- компилација врз основа на анализа на документи, компаративна анализа и доставување на извештај.

Како дел од активностите поврзани со подготовка на Компилацијата, проф. Абдула Азизи оствари комуникација со претставници на  граѓански организации од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станаа членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување; со претставници на ИПА 2 механизмот на граѓански организации во Македонија; како и комуникација со претставници на владини институции од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станаа членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување.

Анализата содржи добри практики и политики од повеќе земји кандидатки за членство во ЕУ и земји кои станаа членки на ЕУ во некои од последните бранови на проширување во однос на вклучување и информирање на засегнатите страни и граѓанскиот сектор во сите сегменти на животниот циклус на ИПА програмите, вклучително и транспарентен и објективен избор и назначување на претставници од граѓанскиот сектор во секторските работни групи за програмирање на ИПА 2 и комитетите за мониторинг.

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИПА2 MЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

34683519046_7793a99f5f_mЦентарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, на 16 и 17 мај  организираа годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.Настанот траеше два дена и учество земаа претставници на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, министерствата и институциите задолжени за програмирање на ИПА фондовите, како и на граѓанските организации од републиката.

Учесниците ги разгледувуваа можностите за подобрување на искористеноста на фондовите за развој што и се нудат на Република Македонија преку ИПА 2 програмата на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година и беа запознаени со ИПА 2 механизамот за граѓански организации како алатка за зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, ДЕУ и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на ИПА2.

ОДРЖАНА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА ОДЛУКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА СОВЕТ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОРipa2cso1

Триесетина претставници на граѓанскиот сектор, денеска одржаа консултативна средба на која ја дискутираа содржината на предлог Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Меѓу присутните беа и претставници на дел од 89-те организации кои предходно го бојкотираа усвојувањето, како и дел од избраните претставници.   Консултативната средба беше во организација на ИПА механизмот на граѓански организации (IPA2CSO) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГО ЗА ИЗРАБОТКА НА ПАТОКАЗ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

На 25 септември во просториите на Евротинк – Центар за европски стратегии, се одржа третиот по ред состанок на претставници на граѓанските организации со цел заедничка изработка на Патоказ за развој на граѓанското општество.

roadmap1Документот ги опфаќа областите на политичка и институционална рамка за ГО; државно финансирање на граѓанските организации; правна и фискална подржувачка околина за одржливост на ГО; улогата на ГО во соработката со институциите, граѓаните, бизнис секторот и меѓу себе; добро управување и зголемување на довербата во ГО.