Анализа: Ратификација на Истанбулска конвенција

                             Action Fact Sheet

Ратификација на Истанбулска конвенција

Проектот пред сè имаше цел да го подобри пристапот до правда за жените во Република Македонија во насока на остварување на меѓународните стандарди за постигнување на фактичка родова еднаквост. Дополнително, проектот се обиде да ги детектира бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правдата и да поттикне родова интеграција во сите политики и мерки. Клучни алатки во самиот проект беа лобирањето и застапувањето за ратификација на Истанбулската конвенција која што предвидуваат група мерки за заштитување на жените од родово-базирано насилство. Целните групи на проектот беа носителите на одлуките, пратеничките и пратениците во Собранието и институциите на извршната власт, женските граѓански организации, а воедно ги адресираше и меѓународните механизми за заштита на правата на жените. Активностите за исполнување на целта предвидуваа анализа на состојбата во тематиката, регионална конференција и јавна дебата за наодите на анализата, како и лобирање и застапување пред институциите за ратификување на конвенцијата при што беа дистрибуирани предлог документите од анализата.

 

 

 

Текстот од студијата можете да го најдете во следниот линк:

Линк до анализата